Прилеп ќе добие 9000 нови работни места во 4 нови фабрики кои ќе се градат во технолошко-индустриската зона Алинци.
Станува збор за фабрики од автомобилскиот и секторот за производство на земјоделски машини, трактори, како и една фабрика за прозводство на хемиски производи.
Ваква ренесанса за Прилеп ќе значи крај на невработеноста и целосна вработеност на населението.
Инвестициите се очекуваат да започнат со реализација на есен, а според неофицијални извори договорите со инвеститорите се веќе потпишани во Владата.
Покрај нови вработувања, прилепчани ќе пијат и 30% поевтина вода. Локалната самоуправа се предомисли па со нова Одлука на Совет ќе ги намалува сметките за вода за пиење. Причина за тоа се жестоките реакции на граѓаните поради неодамнешното зголемување на тошоците на сметките за вода.
Министерството за транспорт и врски пак најави дека гасификацијата за Прилеп ќе се спроведи до крајот на 2018 година, а приклучокот кон мрежата и користењето во првите 5 години од домаќинствата ќе биде покриено во целост од Владата.
Прилеп полека, но сигурно се гради и прераснува во метропола на Македонија.
Кон сето ова добро е да се додаде дека од наредниот месец за 30% ќе се зголемат и пензиите во државата. Реакциите дека истите се ниски и не ги покриваат месечните трошоци, го поттикнаа Министерството за труд и социјала да побара од Владата зголемување на месечните примања на пензионерите. Владата експресно одговори и донесе одлука за тоа.
Целата оваа сторија би била добра и доколку навистина во државата постоеше власт која олку многу ги сака и почитува своите граѓани.
За жал денес е први април, па без навреда, но се пошегувавме со вас.
Сепак, сето ова донекаде е нешто за што и претходно не излагаа сите нас!