Заминуваат ли во историјата еднојазичните табли на патот Прилеп-Битола-Охрид?!
До нашата редакција пристигнаа фотографии на кои се гледа како багер отстранува табли на овој патен правец, а која е причината за тоа е непонзато.
Фотографиите се направени пред влезот за Битола, а од нив се гледа дека таблата која багерот ја товара во камион не е оштетена или уништувана, како и тоа дека одлично се познаваат напишаните патни правци.
Дали на местото на досегашните табли кои се напишани со кирилица и латиница, ќе се постават двојазични, останува да дознаеме за скоро.