“Ве повикуваме во нејзино име на масовен протест да кажеме НЕ за промена на име и слобода за патриотите”, стои во поканата на Македонското Патриотско Здружение “Пере Тошев” по повод масовниот протест кој вечерва со почеток од 18:00 часот ќе започне пред камената бина на плоштадот “Александрија” во Прилеп.
На овој собир ќе се упатат пораки за зачувување на државното име на Република Македонија, ќе се побара уште еднаш ослободување на притворените за настаните во Собранието на 27 април минатата година, како и пораки против воведување на двојазичност на целата територија на државата.
Пред прилепчани вечерва се очекува да се обратат Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, професорката по историја Виолета Ачковска, поетот Ефтим Клетников и аналитичарот Сотир Костов.
Прилеп на нозе!