Еден куп контроверзии зад договорот со Бугарија: Професор од Охрид направи целосна синтаксичка и научна анализа на содржината

Zaev-Borisov

Реакциите на јавноста околу договорот за така наречено добрососедство со нашиот источен сосед не стивнуваат. По јавносто објавување на неговата содржина на површина излегоа еден куп контроверзии, кои беа осудени како од обичниот граѓанин Македонец, така и од интелектуалците.

Професор од Охрид направи целосна синтаксичка и научна анализа на овој договорн и со докази потврди многу повеќе работи содржани во него, а за кои јавноста не била ни свесна.

Тој најпрвин добро ги подцртал клучните небулози во договрот, а потоа со широка анализа ги објаснил.

“МАКЕДОНЦИТЕ С`Е УШТЕ СЕ БОРАТ ЗА СВОИТЕ ПРАВДИНИ!

По темелното лингвистичко читање на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, којшто е целосно граматички надвор од нормата со погрешни јазични конструкции и термини, едно е јасно дека тој е класичен чин на Велепредавство на македонскиот народ и Македонија.

Национално штетен, морално неприфатлив, политички бесцелен со упад во уставниот поредок, нелегален и со времен карактер, непризнат од мнозинството Македонци во Македонија.

Блаже Конески своевремено напиша: „Фалсификаторството на соседите е единствениот приод во комуницирањето со јавноста“.

Уште во самиот вовед е погрешна формулацијата ЗАЕДНИЧКИ стремеж на НАРОДИТЕ? Има два народа, РАЗЛИЧНИ, а едниот е МАКЕДОНСКИ народ, клучниот збор што го нема во договорот – македонски народ!

Заедничката декларација од 22 февруари 1999 г. нема фундаментално значење бидејќи е необврзувачка, не потпаѓа под никакво потврдување и не бара нејзино ратификување во Собрание како што треба за Договорот.

Синтагмата „заедничка историја“ е врвот на небулозата затоа што таква фраза не постои што ги поврзува државите и двата народа, нема издвоена јасна дистинкција заедничка историја : посебна историја. Целата историја е таа еднаш запишана и неменлива!

Член 2. Став 2.

Неопходните критериуми за членство во ЕУ и одлуките од средбите на врвот на НАТО – а тоа се знае дека се воведување втор официјален јазик, ревидирање на историјата и се поздразбира помош за целосна промена на името Република Македонија.

Член 8. Став 2.

Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија со цел докажување и менување на историски и образовни прашања. Дрскост е да се земе такво право за наводно докажување, т.е. менување на историските настани во историските читанки и литература. Па зарем досега објективно и засновано на автентични докази и докази засновани на историски извори, научно толкување на историските настани не е докажана македонската историја, народ, јазик и на крајот македонскиот идентитет.

Став 3.

Заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности – не постојат, Македонци што ќе ги именуваат во Бугари, не е ова во духот на европските вредности с`е додека се слави 3 март како национален празник и Санстефанскиот договор.
Само да се размисли колку е болна темата за фашизмот и Холокаустот!?
Треба извинување за жртвите за време на Втората светска војна, бугарскиот геноцид во Првата светска војна и Првата и Втората балканска војна.

Член 9 и Член 11. Став 6.

Контрадикторни – слободни информации, мисла и јавно изразување а потоа барање државите да вложат напори за да бидат контролори и казнувачи за изразување на недобронамерна пропаганда и чувства, ќе обесхрабруваат со цензура и суспензија а тоа води кон блокирање на патот во ЕУ.

Член 11. став 4. и став 5.

Јасно се гледа дека нема симетрични обврски, подмолно е да се подметне тоа што Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на РБ со цел заштита на статусот на лица што не се државјани на РМ. Кристално јасно се знае дека мора да се заштитуваат правата и интересите на своите државјани на територијата на друга држава бидејќи тоа е наша уставна обврска да се грижиме за Македонците надвор од Државата според член 49 од Уставот на РМ. Погрешната формулација државјани, треба да стои малцинствата…

Дали „бугари“ со македонски пасош имаат право на образование, вера, култура и литература на македонски јазик во Бугарија?

Член 12.

Заедничка меѓувладина комисија за решавање на надворешната политика и прашања од државен и нациoнален интерес во името на РМ – погубно!

Член 14.

И она што најповеќе задира тое е јазикот – македонскиот јазик. Нити македонскиот јазик нити македонскиот народ не се создадени со Уставот и не може македонскиот јазик да не е изделен како своја посебна независност од Уставот и да се сведува на уставна категорија спротивно на тоа дека македонскиот јазик е припадност на македонскиот народ како неотуѓив и неотстапен.

Немојте ни да сте помислиле да го одбраните ова „совршенство“ ќе пропадне а вие ќе се впишете во редот и ќе стоите до најголемите предавници што ќе го одобрат.
Крајната цел е уништување на македонскиот идентитет!

Нека ми биде простено, но јас, како Македонец, на прво место ги поставувам интересите на мојата татковина и моите сонародници и само потоа интересите на соседите. Јас сум Македонец, со македонска свест, и како таков си имам свое македонско гледиште врз минатото, сегашноста и иднината и на мојата татковина.

Затоа секој од нас мора да си ја почне својата борба, борба за слобода од гнилежот и борба за опстојување на македонскиот народ”, стои во анализата на професорот од Охрид.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.