Откако во јавноста, швајцарски медиуми објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп и Меланија се разведуваат и дека се потпишани и документите за развод, американската писателка Моника Брн изнесува шокантни тврдења за неверството на првата дама.
Таа објавува твитови во кои тврди дека Меланија веќе со години има љубовник и дека и за него знае Доналд Трамп.
Писателката објавува како Меланија со години има афера со шефот на осигурување на Тифани кој се наоѓа во Њујорк. Таа дури и го објавува наводниот љубовник, а нејзините тврдења Белата куќа не сака да ги коментира.
Писателката тврди како парот требало да се разведе уште пред неколку години, но кога ги дознале резултатите од анкетите дека Трамп може да стане претседател се откажале и разводот бил одложен.
Меланија поставила нови услови под кои ќе остане во Белата куќа.
Моника тврди дека причината за останување во Њујорк е љубовникот, а не школувањето на синот.