Знаеме дека секој ден мора да внесуваме одредена количина на вода за нашиот организам да може нормално да функционира. Ако тоа не го практикуваме, може да дојде до ослабување на некои витални функции, па и до озбилни заболувања. Колку вода треба да внесуваме во нашиот организам, зависи од нашата телесна тежина.
Некои велат дека се потребни 2 литри вода дневно, некои велат дека не мора да се конзумира вода, односно дека истото важи и за било кој друг безалкохолен пијалок, но соковите и другите напитоци не можат да ја заменат водата.
Доколку вашата тежина е 30 килограми, потребно е да внесете 1 литар вода дневно, односно доколку вашата тежина е 60 килограми, потребно е да внесете околу 2 литри вода во организмот.
Доколку вашата тежина е 90 килограми, потребно е да внесете 3 литри вода во организмот, што значи на секои 30 килограми се зголемува потребата од внесување на вода за уште еден литар.