До нашата редакција пристигна анонимен допис со сомнеж за продивзаконско делување на новата локална самоуправа во Прилеп, предводена од градоначалникот Илија Јованоски.
Во продолжение ви пренесуваме целосен интегрален текст од она што го добивме како информација
Директорката на градинката ,, Наша Иднина ,, во Прилеп е назначена под сомнителни околности? Имено истата беше назначена за В.Д. директор во декември 2017 година од страна на градоначаникот, согласно Законот за заштита на децата и тоа:
Член 126
Градоначалникот, во рок од три дена од денот на разрешувањето на директорот, именува вршител на должноста директор од редот на вработените на установата кој ги исполнува условите за директор и кој ги врши работите на директор до именување на нов директор, најмногу до шест месеци од денот на неговото именување.
Покрај тоа што истата не е вработена, a со цел вработување на партиски војници спротивно на професионалноста вешто е пробано да се избегни прекршувањето на овај член?
Градоначалникот пробува да го заобиколи законот и пронајде некаква дупка во иститот и истата ја вработува на работно место сметководител, без оглас и за итни и неодложни потребни работи, и тоа согласно:
Член 143 алинеа 6
(6) По исклучок, директорот од ставот (4) на овој член, за итни и неодложни работи,
работен однос може да се заснова и без јавно огласување, но најмногу до 30 дена, со
посредување на службата надлежна за посредување при вработување?
На овај начин истата станува вработена и со тоа е исполнет член 126 односно истата е од редот на вработените? Грубо прекршување и замајување на законот?
На овај начин противзаконски се врши именување на директор и вработување за итни и неодложни работи зошто истата како сметководител станува првиот ден веќе не итна, но сега итна како директор? Во овој случај исто така терминот ВРАБОТЕНА намерно се искривува иако правно таа не е вработена, туку извршува итни работи времено и на тој начин пртивзакоски е именувана за ДИРЕКТОР? – се додава во дописот пратен до нас.
Тука исто така се поставува прашањето кој директор согласно истиот член, но сега алинеа 1 (За пополнување на слободно работно место за вршење на работи од јавен интерес во јавните установи за деца, директорот на установата донесува одлука за потреба од вработување на работници), донел одлука, но сега за нејзино итно вработување, или градоначалникот се поставил и во улога на директор, зошто претходниот директор е веќе разрешен?
Од тие причини свесни за овие прекршување на законот директорката Благица пред еден ден си даде оставка од како виде дека влегува во противзаконски дејства, но веќе е доцна?
Неофицијално дознаваме дека истата и немала лиценца за директор што е дополнителна причина за нејзината оставка, и сега по итна постапка вади со што се очекува нова епизода на ,,Леси се враќа дома,, како директор?
Ако вака противзаконски поставена директорка вршела функција дали и сите нејзини акти кои ги донела се противзаконски?
Имено согласно истиот член 143 алинеа 1 од горе има донесено одлука за потреба од вработување на работници и за истите распишува оглас кој моментално трае?
Дали со истото влегува во уште поголема кривична одговорност за незаконско вработување на партиски кадри? За да биде проблемот уште поголем огласот за вработување кој е веќе пуштен не соодвествува на добиената согласност од министерство.
Министерството за труд и социјална политика дава известување со кое се обезбедени средства за ПРОДОЛЖУВАЊЕ на веќе добиените согласности за вработување т.е продолжување на договорите на лица кои веќе извршувале работи на работни места по договори за вработување на определено време и истите едноставно требало само да се продолжат за уште 2 месеци.
Но. и тоа давање на согласности е со задни намери со цел партиските војници на СДС да се спастрат и извадат лиценци т.е им се дава време и можност за партиски вработувања на тие места.
Но, дека се работи за класичен реваншизам и јадење на живи луѓе спротивно на предизборните ветување и спротивно на законите и спротивно на напатствијата на Министерството за труд и социјална политика може да се види оддалеку и до каде е стасано лицемерието на градоначалникот и интересот на партијата.
Сите овие партиски игри кои се на грбот на децата кои најмногу страдаат во овај случај за интересите на градоначалникот кој наместо да и ги продолжи договорите на претходните вработени кои имаа договор направи се за да не одат повеќе на работа, и го прекрши законот. Само пред некој ден се правдаше како тој не ги избркал туку договорите им престанале, но вистината излезе на виделина веднаш.
До кога ќе трае овај партиски реваншизам и до кога ќе се гледа да се уништи се што правеше претходната власт? Градоначалниче не можете да ги одржите веќе спремените градинки и тие кои чекаат за отворање само за партиски интерес, па нели ЖИВОТОТ дојде за сите граѓани на Прилеп не само на блиските? Редно е веќе да престанете да се занимавате со тоа шѓто претходните направиле и вие да почните да правите нешто зошто граѓаните тоа го бараат од вас.
Во прилог известувањето од министерство во врска со дадената согласнот за вработување.