Како што нагласува во својата статија за “Азија Тајмс” политикологот Кристина Лин, ослабувањето на режимот во Дамаск ја ослабува Кина поради проблемите со нејзините џихадисти, што значи дека Пекинг повторно би можел да ја уптреби цела своја воена моќ за да го поддржи Башар ал Асад.
Одредени медиуми на Блискиот исток во 2012 година пишуваа за можни воени вежби во Средоземното море, во кои би учествувале Иран, Русија, Кина и Сирија. Тоа би биле маневри од големи размери, во кои според планот, би биле ангажирани 90.000 војници, 400 авиони, 1000 тенкови, пишува Кристина Лин.
Иако вежбите никогаш не беа одржани, според мислењето на аналитичарката, тоа би бил сигнал за САД и нивните западни сојузници дека четирите држави ја повлекуваат линијата пред нив која не смее да се премине. Но како што изгледа, таа линија се премина во Сирија.
Политичарите во Вашингтон често ги проектираат сопствените стравови, желби и неразбирања на другите, мислејќи дека ќе се однесуваат на ист начин.
САД не го земаат во предвид фактот дека немаат само тие црвена линија. Ги игнорираат и напаѓаат интересите на националната безбедност на другите држави, без разлика дали станува збор за Кина или Русија. Претседателот Трамп ризикува да ја отвори Пандорината кутија и да ги поттикне другите моќни држави да ја штитат сириската власт.