ЕУФОРИЧНО: “Тризла не се подмитува со масло и брашно, ТРИЗЛА сака ПРОЕКТИ и дела од ВМРО-ДПМНЕ?!”

Попладнево  Тризла, една од најголемите населби во Прилеп, во која живее претежно ромско население,  ја посети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Пред стотиците граѓани на оваа населба Груевски говореше дека новата ера ќе донесе многу нови проекти за Прилеп и Тризла, како и илјадници нови работни места.

Им порача на граѓаните да го поддржат Марјан Ристески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со цел нивната населба и Прилеп да одат напред.

За време на говорот на Груевски, граѓаните скандираа со поддршка за Ристески и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и еуфорично заиграа оро.

Ромите порачаа дека нивниот глас не може да се купи со брашно и масло и дека сакаат нови дела, нови улици, осветлување, нови водовдни мрежи.

Тие знаат дека токму Ристески направи премногу за нивната населба во изминатите 12 години, а особено се благодарни за изградбата на џамија, храм во чија изградба токму Марјан Ристески и локалната самоуправа доста помогнаа.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.