Вечерва Централниот комитет на партијата го избира новиот состав на Извршниот комитет и новиот Генерален секретар.
Како што неофицијално дознаваме досега познати се поголем број од новите членови на највисокото тело на партијата, а познати се и тројцата луѓе кои ќе ја носат функцијата потпретседатели на партијата.
Според нашите информации на оваа функција се именувани актуелниот градоначалник на општина Кавадарци Митко Јанчев, поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски и поранешниот пратеник во Собранието Александар Николоски.
Официјално е потврдено и дека претставник од Прилеп во новиот состав на Извршниот комитет останува пратеничката Ана Лашкоска