Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) со жалење ја следи верската дискриминација со која се соочуваат домородните етнички Македонци од Егејската страна на северна Грција, поради што бара пресврт на оваа нехумана политика – стои во соопштението објавено на веб страната на ОМД.
Последната година, Грчката Канцеларија за Даночни Приходи во Воден (Едеса), го казнил етнички Македонскиот Свештеник и Архимандрит Никодим Царкњас, за лажно притајување на приходи во неговиот годишен даночен извештај
На Царкњас му било побарано да плати околу 45.000 евра во данок од вкупно 57.000 евра примени како донација за изградба на Македонска Православна Црква Света Злата Мегленска во С’Ботско (Аридеја), која, како и сите други работи, не е признаена од Грчката држава.
Бидејќи Царкњас само ги прифатил средствата како донација во корист на црквата во заедницата, тој и одговорил на Управата за Данок на Доход дека немал законска обврска да ги пријави како “приход”. Канцеларијата го одбила неговото барање и ја уважила казната. По поднесената жалба во јануари 2018 година, Царкијас бара поништување на илегално издадената парични казни. Ако грешката не се поправи, тој е подготвен да ја тужи јавната администрација за прекршување на даночниот законик и бесрамната нелегална дискриминација против него, врз основа на неговото етничко наследство и верскиот идентитет
Претседателот на ОМД Методија А Колоски изјави дека: “Овие постапки на Грчката влада се јасен одраз на нивната државна политика да ги прогонуваат граѓаните кои мислат инаку, кои зборуваат различен јазик или веруваат во православна црква инаква од Грчката. Слободата на религијата е основна слобода која мора да се почитува универзално, на што Грција очигледно се спротиставува”.
Од анексијата на Егејска Македонија од 1913 година, Грција има извршено етничко чистење, културолошки геноцид и сурови злосторства против домородните етнички Македонци во регионот. Дел од таа политика е да се оспори верската слобода на Македонците. Во современи времиња ова значи забрана за изградба на нови македонски православни цркви и замена на античките преку конфискација од страна на Грчката православна црква, процес кој вклучувал отстранување на антички икони и надгробни споменици.
Неправдата против Архимандритот Царкњас се одвива децении; како активист за човекови права, тој е уапсен повеќе од десетина пати, вклучувајќи и физички нападнат од грчки полицаец.