Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло со умерен јужен ветер. Во западните и крајните источни делови ќе има повремен локален дожд.
Утринската температура ќе се движи од три до седум степени, а дневната температура од седум до 21 степен.
Во сабота во текот на денот ќе дува засилен повремено силен јужен ветер што ќе предизвика значително повисоки дневни температури. Од сабота попладне и во недела ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни.
Врнежи со променлив интензитет ќе има и во наредните денови, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурите ќе бидат во опаѓање