Дијагнозата која ги шокирала: Лекарите му рекле дека има уште половина час живот, но…

Кога Луиз Ортиз (26) заминал на лекар поради неиздржливи главоболки, лекарите му соопштиле дека има уште половина час живот, бидејќи во неговиот мозок има паразит.

Луиз Ортиз од Калифорнија посетил лекар во последен момент.

Веднаш му била извршена операција, бидејќи лекарите процениле дека му останал само половина час живот.

Главоболките кои го измачувале ги предизвикал паразит кој го виделе на скенерот во медицинскиот центар “Валеј”.

Лекарот Сорен Сингел, вели дека Ортиз за влакно ја избегнал смртта.

Хирурзите за време на операцијата го отстраниле паразитот кој направил циста во мозокот.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.