Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ реагираат остро на, како што велат, лицемерното и лажно дејствување на СДСМ во Собранието на Република Македонија.
-Би сакал да ве информирам дека во текот на вчерашниот ден на седница на Комисијата за финансирање и буџет, пратениците на СДСМ гласаа против донесување на Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери на студентите од трета и четврта година во Република Македонија, а нашите најави се дека СДСМ ќе гласа против и за другите два закони предложени од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Законот за зголемување на 5% на платата на полицијата ,војската, професорите, техничкиот персонал во јавните служби, фондовите и агенциите и ќе гласа против Законот за извршување со кои што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ предлагаат драстично скратување на трошоците во постапките на извршување за повеќе од 300.000 наши сограѓани кои што ги сочинуваат економско и социјално најслабите слоеви во Република Македонија. Со тоа СДСМ всушност призна дека глуми лажна конструктивност во Собранието на Република Македонија и покажува лицемерие, не спрема нас ние во оваа ситуација сме комплетно неважни како пратеници, туку лицемирието е насочено кон стотици илјади граѓани кои што ќе беа опфатени доколку СДСМ гласаше за овие три закони. Заради односот на СДСМ ниту студентите ќе добијат ваучери ниту вработени во полиција, војска и вработените во другите државни служби ќе добија 5% покачување на платите, ниту драстично ќе се намалат трошоците во постапките за извршување кои што ги мачат според наши пресметки околу 300.000 граѓани претежно од категоријата економски и социјални послаби слоеви. Тоа значи дека СДСМ во Собранието на Република Македонија ја продолжува тенденцијата на монополистично однесување во Парламентот. Овој Парламент за жал од ден на ден се повеќе потврдува позицијата дека е Парламент на тенкото мнозинство од 62 пратеници, а не е Парламент на 120 пратеници избрани од сите граѓани на Република Македонија. Без разлика на ставот на СДСМ не гласањето за законите кои што ние ги предложивме, а се од значаен интерес за граѓаните на Република Македонија, ние ќе го потврдиме нашиот конструктивен однос и ќе гласаме за трите закони кои што СДСМ ги предложи. Со тоа уште повеќе граѓаните на Република Македонија ќе го видат лицемерниот и дволичен однос кој што го има СДСМ кон потребите на граѓаните. Кога станува збор за граѓаните не треба да гледаме кој ги предлага законите и тоа треба да важи и за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ. Заради политичка одлука на СДСМ трошоците за извршува ќе остант такви какви што се во овој момент, платите на војска, полиција и државни и јавни службеници ќе останат такви какви што се нема да добијат 5% покачување и студентите нема да добијат вредносни ваучери, истакна Илија Димовски.