Димовски: Џафери го одбра датумот кога УЧК почна да пука

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска од говорницата на Собранието на 32. седница на која ќе се гласа за Законот за јазиците, се осврна на денешниот датум кој бил одбран за седницата.

– Џафери го избра датумот кога пред години УЧК почна да пука во Тетово, истакна тој.

Ова наиде на реакции од пратениците.

Џафери поради долгото обраќање го исклучи микрофонот на Димовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.