Дизниленд бара работници: Им требаат принцови и принцези, работата е како од бајките, а ова се условите

Сите кои сакаат да се пријават мораат да бидат спремни да се преселат во Париз, бидејќи ќе работат во Дизниленд кој е сместен во Франција

Дизниленд објави конкурс за луѓе кои ќе работат како принцеви и принцези. Оваа компанија бара ентузијасти и енергични луѓе кои ќе ги оживеат дизни јунаците, пренесува Мирор.

За сите оние кои некогаш замислувале да станат принцот од “Снежана и седумте џуџиња” или Бела од “Убавицата и ѕверот”, ова е вистинска прилика да го остварат својот сон.

Покрај преселбата во Париз, постојат и одредени правила кои каднидатите мораат да ги исполнат ако сакаат да работат овде.

Кандидатите кои ќе се пријават мораат физички да личат на Дизни ликовите и да знаат да пеат и играат.

Исто така, висината игра значајна улога, па потребно е луѓето кои ќе се пријават да бидат високи помеѓу 137 и 193 цм.

Кандидатите мораат да знаат француски и англиски јазик и да имаат најмалку 18 години.

Подетално за условите за работа погледнете на следниот ЛИНК

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.