Детската амбасада од Прилеп подари љубов на 10 семејства за Велигден (ФОТО)

Денес пред големиот Христијански празник – Велигден, Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го реализира традицоналниот Проект „Од децата за децата“, кој што е во координација со седумте Основни Општински Училишта од Прилеп.

Овај проект се спроведува од самото основање на Детската Амбасада, а целта е да се разбуди духот на јасен придонес на секој ученик во градењето на хуманистичкото општество.

При тоа децата донираа средства (пари, храна, облека, играчка или материјал за лична хигиена) за деца, но и за возрасни. При секоја донација учениците напишаа и своја порака за овие деца по повод престојните Велигденски празници, со надеж дека ќе придонесат достојно да се поминат истите.

Во оваа акција беа собрани парични средства за помош на лекување на ученик од ООУ „Рампо Левката“ од Прилеп, како и беа уплатени средства за повторно вклучување на струја на едно социјално семејство од населба точила, а останатите донации лично беа предадени во просториите на Детската Амбасада од страна на Извршниот директор, г-ѓа Александра Северкоска Стојаноски. Со оваа акција беа опфатени десет фамилии на кои им беше неопходна оваа помош.

Овoј проект покрај донациите од Основните Општински Училишта, го помогнаа и пријателите на децата, Дисконт за маслинки „Иво“ од Прилеп и Живинарска фарма „Јоки комерц“ од с.Долнени, кои веќе неколку години даваат свој придонес во градењето на хуманистичкото општество.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.