Добротворните организации придонесуваат за унапредување на дијалогот, солидарноста и меѓусебното разбирање меѓу луѓето, вклучувајќи го и меѓусебното почитување на луѓето и почитувањето на детските права. Токму, Детската Амасада за Сите Деца во Светот од Прилеп го гради тоа хуманитарно општество, потпомогната од опшествената заедница.
За да им се заблагодари, на вчерашниот, Меѓународен ден на Милосрдието, Детската Амасада за Сите Деца во Светот, на граѓани, здруженија, невладини организации, компании и јавни институции, им додели благодарници за покажаната хуманост и разбирање во градењето на хуманистичкото општество, како и за поддршката која ја добиваат од нив. Благодарница за неизмерна поддршка од Детската Амасада за Сите Деца во Светот доби и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
– Имаме одлична соработка со Детската Амасада за Сите Деца во Светот, бидејќи таа секогаш работи во интерес на децата, кои се наша иднина. Работат на проекти чии целна група се ранливите категории, деца на бранителите, деца со посебни потреби…, а ние, како локална самоуправа безрезервно ги поддржуваме овие ранливи групи, со што целта ни е заедничка – рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески
Благодарница за хуманост и разбирање во градењето на хуманистичкото општество му беше доделена и на градоначалникот на Општина Долнени, Боше Милошески
– Ние како Општина Долнени во рамките на нашите можности излегуваме во пресрет на хуманите акции, посебно кога се наменети за деца, зашто на децата им треба многу малку, за да бидат среќни! – рече тој.
На Меѓународниот ден на милосрдието, Обединетите нации ги повикуваат сите земји-членки и сите меѓународни и регионални организации, како и граѓанското општество, вклучувајќи невладини организации и поединци, да ја подигнат јавната свест за хуманоста. Со признавањето на улогата на добротворните организации во ублажувањето на хуманитарните кризи како и на напорите на добротворните организации и поединци, вклучувајќи ја и работата на Мајка Тереза, Генералното собрание на Обединетите нации во својата резолуција, 5-ти септември, годишнината од смртта на Мајка Тереза, го определи како меѓународен ден на милосрдието.