Дете од Сирија посведочи за “хемискиот напад”: “Глумевме, не полеваа со вода, а за возврат не нахранија” (ВИДЕО)

Телевизискиот канал “Русија 24” објави неверојатна репортажа за момчето од снимките во навидниот “хемиски напад” во Сирија. Видеото на кое е и  Хасан Диабу се прошири низ целиот свет, а прикажува сириски деца кои се жртви на напад од војската на Асад.

Момчето сега тврди дека бил фатено, одведено во локалната болница, полиено со вода и снимено.

Момчето од сирискиот град Дума тврди дека несвесно зело учество во лажниот напад со хемиско оружје кој минатата недела предизвика бомбардирање во околината на Дамаск, од страна на сојузниците Франција, Америка и Велика Британија.

“Бевме во подрумот. Мајка ми рече дека денеска немаме што да јадеме и дека ќе јадеме утре. Слушнавме викање на улицата, викаа: “Одете во болница. Потрчавме кон болницата и само што влегов, ме фатија и започнаа да ме полеваат со вода. После тоа не сместија во кревет со други луѓе”, вели малото момче пред телевизиските камери.

Воениот известувач на овој телевизиски канал Евгениј Подубни рекол дека момчето било натерано да соучествува во снимањето на видеото.

“Момчето беше гладно. За ова снимање му понудиле печено месо и ориз”.

Зборовите на момчето ги потврдил и неговиот татко, кој изјавил дека во градот не се случил никаков хемиски напад.

“Кога дознав дека детето ми е во болниа, веднаш дотрчав таму. Немаше никаков хемиски напад. Пушев цигара на улица, ништо не почуствував… Влегов во болницата и го видов моето семејство. Им спакуваа месо и ориз и ги пуштија дома. Моето момче беше одлично”, рекол таткото.

Невладината организација “Бели шлемови” за која постојат низа контраверзии и наводна поврзаност со ИСИС, често ја обвинува владата на Башар ал Асад за напади со хемиско оружје.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.