Дете играло, се лизнало и паднало, па открило богатство старо милион години (ВИДЕО)

Во целиот свет пронајдени се само неколку стотини фосили од стегомастодон

decak-i-fosil-620x350

Деветгодишното момче од Ново Мексико шетало со семејството во градот Лас Крусес, кога се засопнало и паднало, и тоа на фосил стар 1,2 милиони години.

Џуд Спаркс и неговиот брат после незгодата во ноември минатата година заклучиле дека детето паднало врз остатоци од “огромна крава”.

Семејството се обратило до професорот по биологија на Универзитетот во Ново Мексико Питер Хоудеу, кој собрал тим за ископување, а шест месеци подоцна открил дека се работи за стегомастодон, стар 1,2 милиони години.

fosil-istrazivanje-830x0

Стегомастодон е далечен роднина на слонот. Професорот за Нју Јорк Тајмс изјавил: “Ова е навистина многу ретко откритие, фантастично е тоа што го пронајде толку млада личност”.

fosil-rogovi-830x0

Во продолжение погледнете го видеото:

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.