Во Чаир доцна синоќа се случи вооружена престрелка, во која едно лице беше убиено, едно тешко рането, јави Курир.
Според најновите податоци на порталот, убиениот е Исмет А. викан Кока од Блаце, кој починал на лице место во својот автомобил, додека повреден е Љ.К. кој живеел недалеку од местото на настанот.
Како што неофицијално дознава Курир, осомничен или приведен за овој крвав настан нема. Полицијата нема никого приведено засега.
Се очекуваат повеќе детали.