Полицијата поднесе кривична пријава против скопјанецот М.Г.(50), осомичен за убиство на неговата мајка извршено на 19-ти овој месец.
Тој вечерта околу 19 часот во семејниот дом одлучил најпрвин да и го одземе животот на неговата мајка, К.Г. (77), а потоа да си го одземе и сопствениот живот. Додека неговата мајка била на креветот, М.Г. и нанел една убодна рана во пределот на градниот кош и во текот на ноќта во неколку наврати се обидел да изврши самоубиство, но не успеал во намерите.
М.Г. и во наредните денови, во повеќе наврати се обидувал да си го одземе животот, но не успеал, по што се откажал од намерата и одлучил да остане во неговиот дом.
На 24-ти овој месец, околу 20 часот, во домот пристигнал братот на пријавениот, кој ја пронашол починатата мајка, а пријавениот му кажал дека тој ја убил. М.Г. бил лишен од слобода и по извршен разговор со него, го појаснил начинот на извршување на делото. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција.