Детали за тешката сообраќајка на патот Штип-Велес, познат идентитетот на загинатите

По завршениот увид полицијата го утврди идентитетот на загинатите во страшната сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случи на регионалниот пат Штип-Велес кај местото викано Црна Точка. Во несреќата животот го загубија возачот С.С. (45) и сопатничката Б.С. (55), двајцата од Крива Паланка и 32 годишната велешанка Д.Ј.

 

soob-stip-veles3-1-640x360

Во несреќата учествувале две возила, марка „Голф“, со велешки и кумановски регистерски ознаки.

Голфот со кумановски регистерки ознаки бил управуван од сега починатиот С.С., а во возилото како сопатници биле двете жени и три годишно девојче.

По несреќата на лице место животот го загубиле возачот С.С. и сопатничката Б.С., додека смртта кај 32 годишната велешанка е констатирана во Медицинскиот центар во Велес. Со тешки повреди во Ургентниот центар било пренесено три годишното девојче, кое неофицијално е ќерка на починатата велешанка Д.Ј.

Со тешки повреди во Ургентниот центар е донесен и возачот на вториот Голф, 41 годишниот велешанец П.Ѓ.

Полициски екипи извршија увид на местото на несреќата, а сообраќајот на овој регионален пат од 20:15 часот до 02 часот по полноќ беше затворен во двата правци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.