29-годишниот Марко маркуш кој важеше за жестоко момче во Србија, во петокот беше изрешетан пред хотел, каде претходно се забавувал со пријателите.
Тој бил убиен со седум куршуми од пиштол, а според обдукцијата, смртоносен за него бил куршумот кој буквално му го разнел мозокот.
Останатите куршуми завршиле во вратот, стомакот, рацете. Марко бил убиен во заседа.
Тој направил 10-15 чекори кога излегол од хотелот, а таму се појавиле убијците.
Момчето од Нови Сад имаше дебело полициско досие и беше во затвор за обид за убиство со нож.