Денеска “Критична маса 42” – Придружете се на колективното возење велосипед – Сите се поканети!

Групата ентузијасти кои ја започнаа идејата за зголемување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и подобрување на велосипедската инфраструктура во Прилеп, денеска ќе ја возат 42-та “Критична маса”.

Секој кој ги исполнува минималните наведени услови е добредојден на заедничко дружење и возење.

Што точно претставува “Критична маса”, која е идејата и целта, погледнете во соопштението во продолжение:

1) Критична маса е колективно возење точак, а не политички собир или протест. Не пренесуваме никакви политички пораки, освен пораките за каков начин на транспорт бараме, кој сам по себе е политички акт.
2) Како учесници во КМ ги почитуваме сообраќајните правила исто така обрнуваме внимание на безбедноста на сите учесници. Некој од учесниците ќе ги обезбедуваат раскрсниците се додека групата не помини.
3) Пријатно и со почит се однесуваме кон другите, по ранливи учесници во сообраќајот. Учествуваме во сообраќајот и не нарушуваме мир и тишина освен нашето само присуство по улиците исто како и сите останати учесници
===================================================
На оваа есенска КМ ќе возиме за да укажеме на лошата безбдност во сообраќајот. Главен принцип кој е познат низ Прилепските улици е принципот на „посилниот добива се“. Притоа најранлива група на коловозот се велосипедистите. Камионите и авотбусите доминираат на градските улици и целосно ги истуркаа и набркаа велосипедистите од коловозот. Ова е преопасма ситуација за возење. Ова не само што ја влоши и онака лошата безбедност во сообраќајот, туку и влијае на влошување на проблемот со искористувањето на јавниот простор и загадување во Прилеп.
Исто така во отсуство на елементарно регулирање на товарниот сообраќај во градов имаме многу ситуации и во самото централно градско јадро каде не само што колите застануваат „на 5 минути“, туку камионите вршат товар-претовар „на 5 мин“ и целосно ја влошуваат безбедноста на ранливите групи во сообраќајот (пешаци, велосипедисти, мајки со деца со колички, лица со физичка попреченост, и сл.) и го блокираат сообраќајот.
Апел до носителите на одлуки во градов:
1. Да преземаат стимулирачки мерки за #АктивенЖивотенСтил во насока на поттикнување на пешачењето, вело-културата и сл. (проширување на пешачки зони, одделени вело патеки, нови зелени површини, паркови со содржини, и др.) и
2. Да преземат ограничувачки мерки со серија на мерки (ограничување на пристап во центарот, регулирање на товар претовар од товарните возила, и др.) кон доминантниот патен превоз низ градските улици.

ДЕНЕШНА РУТА:

https://www.google.com/maps/d/viewer?mid=1-VAYN4CaYAkC2-khyWvWlDX1OS8DXSgu&ll=41.34610605024406%2C21.550299549999977&z=15

Потребно е: предно и задно светло на велосипедите
~ Секој учесник вози на своја одговорност ~
————————–————————–———————
Следете нè со хаштаг (#ПрилепНаТочак #НаТочак)

Facebook: facebook.com/PrilepNaTochak
Twitter: @prilepnatochak
Е-mail: [email protected]




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.