Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни, со можност за појава на невреме. Пообилни врнежи се очекуваат во источните и крајните северозападни делови од земјава, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 25 до 34 степени. УВ-вредноста ќе изнесува 5.
Во Скопје слично време, променливо облачно и нестабилно со краткотраен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степени.
Од понеделник времето ќе биде променливо, посвежо и ветровито.