Трпението кај земјоделците е при крај. Оваа сезона цените за нивните култури го достигнаа дното!
И самите не паметат кога праските се откупувале за 2 денари, краставиците за 1,5 денари, а доматите за 14 денари! Нема интервентно решение од институциите, а не се исплатени ни проценките за штетите од невремето пред некој месец! Земјоделците се оставени на милост и немилост на откупувачите и се почесто се решаваат во знак на револт да го исфрлат целото производство!
И тутунарите се во недоумица што се случува? Дали се прават пресметки за повисоки субвенции како што беше ветено или некој си игра со нивните судбини? Но, да веруваме дека денес ќе ги добијат повисоките сибвенции.