Девојките од Прилеп го освоија и Истанбул: За близначките Димоски и Камческа нема граници

На Балканскиот карате шампионат за сениори кој на 24 и 25 март се одржа во Истанбул настапија 314 каратисти од 11 земји.

Боите на Македонија одново ги бранеше и триото девојки од Прилеп, на чии успеси сме навикнати од минатите првенства.

Сестрите близначки Маријана и Мишела Димоски, заедно со Киријана Камческа го освоија златото во ката тим и одново не израдуваа.

Димоски и Камческа до првото место дојдоа преку победите од 5:0 против домаќинот Турција и 4:1 против Црна Гора.

Со овој успех нашите девојки уште еднаш докажаа дека располагаат со невиден потенцијал кој постојано расте.

Триото од Прилеп беше дел од бројната македонска делегација на ова првенство која беше составена од 41 каратист.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.