Не постои ниту еден дел од телото кој не е во рани и искасан
Лиса Терис (25) од Луивил во Кентаки преживеала нешто помалку од месец дена потполно сама во шума. Како што вели, јадела печурки и диви плодови, цела во лузни и убоди од инсекти, а ослабела 22 килограми.
Таа се изгубила во Мидленд во Алабама без облека, телефон и торба, а случајно ја пронашол моторциклист кој забележал дека “нешто се мрда во грмушките”.
Пред да исчезне, била во друштво со двајца мажи кои подоцна извршиле вооружен грабеж. Таа истакнува дека побегнала баш поради тоа што не сакала да биде дел од тоа.
Шерифот Рејмонд Роџер изјавил дека Терис, кој е студентка по радиологија, побегнала во ноќно време во шумата во која се загубила.
Истрагата е во тек…
А/Г/