Две момчиња биле брутално нападнати од поголема група луѓе вчера попладне.
Имено, 22-годишниот А.М. вчера во 14 часот пријавил во полициската станица Ѓорче Петров дека истиот ден околу 13:30 часот на улицата „Есперанто“ поточно на паркинг простор додека бил во возило заедно со неговиот 16-годишен другар во еден момент се доближила поголема група на лица кои им ги отвориле вратите од возилото и физички ги нападнале удирајќи ги со боксови и нозе во пределот на лицето и телото.
Од извршениот физички напад двајцата се здобиле со видливи повреди во вид на црвенило и оток по лицето и телото.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.