Двајца починати, четворица во изолација на Инфективната клиника – се утврдува причината

Две лица од гостиварско село починаа на Клиниката за инфективни болести. Тие биле донесени во Клиниката со тешка здравствена состојба и со висока температура, пролив, повраќање… На Клиниката во моментов се хоспитализирани четири лица од истиот регион со полесна клиничка слика. Ова денеска го изјави претседателот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство Звонко Миленковиќ кој е директор на Инфективната клиника.

 

klinika-za-infektivni-bolesti-infektivna

Тој посочи дека починатите се од машки пол и на возраст од 50 и 23 години кои дошле со тешка здравствена состојба и со висока температура, пролив, повраќање…

– Станува збор за фебрилна состојба со засегната функција на црниот дроб, бубрезите и коагулациските фактори, рече Миленковиќ.

Нагласи дека во Клиниката нема карантин, туку има изолација на четворицата хоспитализирани лица и нема место за грижа и паника во јавноста.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.