Два златни медали за учениците од гимназијата “Mирче Ацев” од државното првенство во атлетика

1

На 5 мај се одржа државното првенство во атлетика организирано од страна  на Федерацијата на училишни спортови.

Учениците од СОУ “Мирче Ацев” – Прилеп од првенството се вратија со 2 златни медали.
Ученикот Леонид Вандески го освои првото место во дисциплина – Трчање на 1000м.

2

Ученичката Дафина Настеска го освои првото место во дисциплина – Фрлање на ѓуле.

3

И останатите  ученици постигнаа завидни резултати. Ментор на гимназиската екипа по атлетика е професорот по спорт Даниел Василески.

Гимназијата секогаш била и останува и понатаму расадник за спортски таленти.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.