Дали Радески ќе биде прв стрелец за Македонија на Европското првенство ?

2346321_w2

Цела Македонија со нетрпение го очекува вториот настап на фудбалската репрезентација до 21 година на Европското првенство во Полска.

Во првата утакмица Македонија загуби од Шапнија, но имаќи го предвид фактот што шпанската репрезентација е можеби најголем фаворит за освојување на првенството, ова и не е толку страшно. И во оваа утакмица Македонците покажаа храброст, дрскост и колективна игра. Се играше до последната минута, но за жал ѕвездите на шпанскиот состав ги искористија сите можности кои им се пружија.

Прилепчанецот Марјан Радески во неколку наврати се закани кон голот на Шпанија, но не успеа да поентира. Се надеваме дека денес ќе има повеќе среќа и ќе биде прв стрелец за Македонија на дебитантското Европско првенство.

Сигурни сме дека Македонците и денес ќе излезат храбро, без респект и ќе слават против поранешниот европски шампион Србија.

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА !!!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.