Во недела 26.11.2017, со почеток од 19:30 часот на сцената на народниот театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп, ќе се одигра претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“ во режија на Билјана Радиноска.
Играат – Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски и Симона Спировска Костовска.
Претставата е дел од проектот „Театар во движење„ од манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура.
Се работи за документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, носејќи соништа за себе остварување и соочување со општествените механизми на функционирање.
Информации на 076 442 378