Бојан Радовановиќ (49), кој рано утрово се закани дека ќе изврши самоубиство со скок од кровот на хотелот “Престиж”, слезе од кровот во 10.30 часот.
Со ова заврши повеќечасовната драма во белградски хиподром, а напорите на преговарачите вродија со плод.
Според српските медиуми, на сопственикот на тој хотел Бојан Радвановиќ му се заканувало иселување поради долг од 300.000 евра, но во меѓувреме се покажа дека станува збор за правен проблем.
Околу хотелот имаше неколку возила на брзата помош, а полицијата ги блокираше сите излези.
Радовановиќ на себе носеше маица со ликот на Александар Вучиќ, бидејќи како што рече тој, “само Вучиќ е чесен и само него му верува”.