ДОЧЕК СО СИТЕ НИШАНИ: Меланија покажа каква домаќинка е, Макрон и Брижит пречекани во САД (ФОТО+ВИДЕО)

Во обидите да се воспостави врска пред државничките разговори, претседателите на САД и Франција, Доналд Трамп и Емануел Макрон за почетокот на посетата на Макрон на САД избрале состанок со сопругите во домот на првиот американски претседател Џорџ Вашингтон.

Макрон и неговата сопруга Брижит беа поздравени од воен оркестар, кој ги отсвире Марселезата и националната химна на САД, откако слегоа од авионот во базата „Ендрјус”, близу Вашингтон.

Макрон изјави дека со Трамп ќе разговараат за неколку билатерални прашања, вклучувајќи ги безбедноста и трговијата, како и темите кои се на светската агенда.

Иранскиот нуклеарен договор и конфликтот во Сирија се меѓу темите кои ќе бидат разгледани за време на посетата.

Претседателите на САД и Франција и нивните сопруги Меланија и Брижит, со хеликоптер одлетале за Манут Верн.

„Оваа посета е навистина важна со оглед на актуелниот контекст, со толку многу неизвесности, проблеми и понекогаш закани“, рекол Макрон по доаѓањето во Вашингтон, каде ќе престојува три дена.

Денеска Трамп и Макрон ќе ги имаат главните работни активности во Белата куќа, а Меланија за таа прилика одлучила да ги послужи со јагнешко, подготвено на њуорлеански начин. За десерт е планиран колач од нектарина и сладолед, додека како отелотворување на историското пријателство на Франција и САД ќе се служат американски вина.

Погледнете како изгледал пречекот:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.