Преку 1.000 долари за еден ден се собрани во акцијата за прибирање на финансиски средства за семејството на Горан Ангелов, претседател на здружението „Андон Лазов Јанев – Ќосето“ од Велес, кој беше приведен од за настаните во Собранието на 27 април минатата година, со обвинение за тероризам.
На интернет платформата „ГоФундМе“ може да се најде донаторска акција на која секој може директно да му помогне на семејството на Горан Ангелов, а крајната цел е да се соберат 10.000 долари.
Трошоците ќе се користат за ангажманот на адвокатите, но и за секојдневните потреби на семејството кое е под силен притисок и терор од страна на актуелната власт.
Линкот за донации можете да го најдете ТУКА.