Неодговорно трошење, нетранспарентни институции и негрижа при распоредувањето на парите на граѓаните, вака на кратко може да се опише односот на владата кон буџетот. Па така гледаме како се одвојуваат пари за геј парада, а од друга страна нема ни денар за повисоки пензии, поголема социјална помош, поголема плати на лекарите и се што ветуваше СДСМ од опозиција.
Деновиве излезе и годишната програма на Министерството за култура за поддршка на проекти и манифестации, а од неа се гледа дека државата е спремна да одвојува пари за се’, само не за тоа што го ветуваше. Имено Министерството за култура во оваа 2018 година ќе одвои 327,250 денари за Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ Коалиција СЗПМЗ за организирање на настан „ Викенд на гордоста Скопје 2018 “.
Претходно во 2017 година, министерот за култура Роберт Алаѓозоски, го отвори „Скопје прај викенд“ кој се одржа од 22 – 25 јуни. Настан на кој свое обраќање имаше и Никола Шиндре, кој јавноста ја брануваше со својата колумна во која се релативизираше педофилијата. Тогаш медиумите пишуваа и како ЛГБТ центарот одликуваше промотор на педофилија, настан на кој учествуваше и Зоран Заев.
Во новата програма нема ниту средства за ветениот нов театар во Прилеп, кој сегашниот градоначалник Илија Јованоски го промовираше наголемо во предизборната кампања и беше еден од неговите главни адути на изборите.
Вака ли ќе оди соработката со централната власт, или можеби градоначалникот планира новиот театар да го гради со пари од буџетот на локалната самоуправа?!