ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ: По наредба на Спасовски уапсена претседателката на Српската заедница во Македонија!

Претседателката на Српската заедница во Македонија и претседател на Српскиот национален совет е уапсена попладнево по наредба на Оливер Спасовкси на гласачко место во општина Гази Баба.

Според информациите кои ги добивме, полицијата по инструкција на Оливер Спасовски правела метеж на избирачкото место во Гази Баба. Гордана Јовиќ Стојковска им укажала дека треба да се оддалечат на растојание пропишано со закон.

Полициските службеници дрско одбиле по што Јовиќ ги фотографирала за да го документира нивното незаконско однесување. Веднаш потоа и го побарале мобилниот телефон со кој ги фотографирала и ја привеле во станица во Автокоманда.

Информирана е српската амбасада во Скопје!

Извор: Инфомакс




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.