ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ ПОМАСОВЕН ОД ПРЕТХОДНИОТ: Еве колку точно народ излезе во одбрана на државното име (ВИДЕО)

На Плоштадот Македонија во Скопје се одржа  протестот против промената на уставното име на Македонија.

Протестот беше во организација на движењето „Нашето име е наше право“.

На протестот се изрази незадоволство од, како што пишуваше во најавата, политиките што ги загрозуваат националните интереси на македонскиот народ.

Движењето „Ние сме Македонија” започна во јануари со симболичен собир пред македонската амбасада во Вашингтон каде за првпат беше објавена Декларација со која што се бара итен прекин на разговорите за името и поднесување резолуцијата во Генералното собрание на ОН за признавање на уставното име на Република Македонија.

Видеото од денешниот протест го објави пратеникот Антонио Милошоски и од него се гледа колку многу народ имаше денеска на плоштадот “Македонија”.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.