Компанијата Гугл го развила својот интерфејс кој автоматски испраќа фотографии на луѓето кои се на нив прикажани.
Интерфејсот ќе биде способен да идентификува пријатели и членови на семејството користеќи се со препознавање на нивните лица. Корисниците ќе имаат опција да дозволат автоматско споделување на фотографии. Ако не сакаат таква опција, ќе ги примаат информациите кога други луѓе ќе сакаат со нив да ги споделат фотографиите.
Иновацијата ја најави менаџерот Анил Сабарвал на конференцијата на Гугл во Монтејн Вју, Калифорнија.
Ф.Г.