Грчки фудбалски клуб казнет со минус 54 бодови

Грчкиот фудбалски клуб од втората лига Акарнаикос е казнет со 54 бодови поради неисплата на обврски кон 9 поранешни играчи.

Арбитражниот суд на Грчката фудбалска федерација на клубот кој е формиран 1938 година најпрво му одредил казна од минус 27 бодови и му дал рок во кој обврските требало да бидат подмирени.

Но, во наредните 5 дена колку што траел рокот, челните луѓе во клубот повторно не ги исплатите обврските кон играчите, па Акарнаикос бил казнет со додатни минус 27 бодови, или вкупно 54 бодови.

По 5 одиграни кола, овој грчки второлигаш има една победа и четири порази и секако се наоѓа закотвен на дното од табелата со минус 51 бод.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.