Македонските невладини организации протестираат поради тековните разговори за името на нивната земја, обвинувајќи ја Грција дека изврши “кршење на човековите права, како и злосторства против човештвото, воени злосторства и геноцид” против своето македонско малцинство од 1913 година – објави новинската агенција “Анадолу”.
Oд Анадолу ја пренесуваат заедничката изјава на Македонското меѓународно движење за човекови права, Обединетата македонска дијаспора, Светскиот македонски конгрес и Македонската глобална координативна мрежа кои вчера ја искритикуваа Грција и глобалните организации за деценискиот спор помеѓу Атина и Скопје.
Заедничката изјава на овие организации – издадена од нивната заедничка експозитура во Женева – вели дека македонскиот народ повеќе не може да го носи неподносливиот товар на неправдата од Грција, Обединетите нации, Европската унија и НАТО преку тековните “разговори” за името на нашата земја, кои започнаа во 1993 година.
“Она што започна како дискусија за “решавање” на претпоставената разлика 25 години подоцна стана обид за геноцид врз македонскиот народ – да ги избрише како народ, да ја избрише нивната земја, нивниот јазик и нивната историја од книгите и мапите на светот”, стои во изјавата.
Македонските организации велат дека Македонците се принудувани од Европската Унија и НАТО да преговараат за нивното име, нивниот етнички и национален идентитет, нивниот јазик и историја како предуслов за наше членство во овие интернационални и регионални организации.
“Ова не е прв пат во историјата на човештвото за ваков интернационален орхестриран притисок да биде спроведуван врз еден цел народ негово самоуништување – притисок предизвикан од нациите и организациите кои требаше да бидат чувари на човековите права во 21 век”, се додава во изјавата.
Нашите организации велат дека проблемот со името е измислено од грчката Влада и е само продолжување и интернационализација на вековната домашна политика на негирање на етничкиот идентитет на македонското малцинство.
Тие побараа формирање независна истражна комисија која ќе ги разгледува прекршувањата на човековите права, како и злосторства против човештвото, воени злосторства и геноцид извршени врз македонското малцинство во Грција од 1913 година.
“Грчката влада мора да се справи со своето минато и еднаш јавно да се признае и да се извини за злосторствата против човештвото, воените злосторства и геноцидот што ги изврши врз македонското малцинство во Грција од 1913 година”, се додава во соопштението.
Во објавата на “Анадолу” се додава дека дебатата за името на Македонија трае повеќе од 25 години. Атина не сака својот сосед да го има името Македонија поради постоењето на регион во Грција со истото име.
Турската новинска агенција додава и дека покрај проблемот помеѓу Атина и Скопје, многу држави, вклучувајќи ја и Турција, ја препознаваат Македонија по нејзиното Уставно име.
А/Г/