Грците му биле редовен “оброк”, имал 7 жени и претрпел голем број повреди: 10 факти за големиот ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ

Можеби очекувавте дека во овој текст ќе прочитате за Александар Македонски, но и покрај тоа што тој ја изградил најголемата империја што некогаш постоела, говориме за кралот Филип Втори, без кој Александар не би бил владетел на светот.

Ви ги пренесуваме десетте факти за таткото кој секогаш е во сенка на својот син:

10. Бил заробеник во Теба

Околу 371 години п.н.е. постариот брат на Филип, кралот Александар Втори, бил приморан да потпише мировен договор со Теба, откако ја изгубил војната во Тесалија. Клучен услов бил да им го предаде својот 15-годишен брат Филип.

Излегло дека токму тоа било доста поволна работа за младиот принц, затоа што таму научил се за Теба, а тоа му помогнало во неговото понатамошно владеење. Тренирал во војската на Теба (најмоќна во тоа врем), но ја изучувал и нивната администрација.

9. Го наследил кралството во најлош момент

После смртта на својот брат во 359 година п.н.е. Филип седнал на тронот. Македонија која ја наследил била во хаос. Илирите се подготвувале да нападнат од запад, Тракијците од исток, а Атињаните од југ ги окупирале македонските рудници и им давале поддршка на ривалите на Филип.

Новиот крал реагирал со голема брзина и донесувал мудри одлуки елиминирајќи ги сите препреки. Ги подмитил Тракијците со скапоцени дарови и им го отстапил Амфипол на Атињаните со цел да купи време и да собере војска. Служејќи се со нови тактики, им се спротивставил на Илирите и целосно ги поразил во битката во 358 година.

8. Ја трансформирал војската на Македонија

Најважната промена која Филип ја вовел се однесувала на војската. Тој ја трансформирал граѓанската милиција во армија со добро обучени професионалци. Основен адут на неговата војска била фалангата, збиена и закосена формација составена од тешко вооружани војници. Секој носел 6-метарско копје, што им давало голема предност во битките. Фалангата била поделена во единици, од кои секоја имала свој заповедник, што ја олеснувало комуникацијата и маневрирањето во борбата.

7. Ја изградил Македонија по примерот на Персија

Kaко непобедлив крал, Филип воспоставил македонска доминација во Грција. Меѓутоа, главната слабост на неговото владеење лежела во недостатокот на добро структуирана и стабилна држава. Филип често се занимавал со внатрешните работи во државата.

Затоа применувајќи го знаењето кои како млад го стекнал во Теба, одлучил да изгради поразлична Македонија по примерот на Персија. Наместо директно да ги окупира и контролира оддалечените градови, тој им давал независност, а првите луѓе директно одговарале пред него. Воспоставувајќи ваков облик на контрола, Филип ги користел нивните ресурси, а притоа не трошел ресурси за нивна контрола.

6. Во борбите заработил многу повреди

Филип сакал да ја предводи војската. Лично бил на чело на коњаницата и ја делел опасноста со која се соочувале неговите луѓе. Тоа без сомнеж ги инспирирало неговите војници и им давало предност во тешките битки, но Филиш плаќал и висока цена. Претрпел многу повреди кои трајно го промениле.

Во време кога починал 336 година п.н.е., “спомените” од битките биле видливи на целото негово тело. Го изгубил десното око при опсадата на Метонија 354 година, кога го погодила стрела. Поткуцнувал на левата нога поради голема рана која ја заработил од тракиско копје. Ја скршил клучната коска, а една од неговите раце биле речиси неупотреблива.

5. Имал седум жени

Многумина знаат дека Хенри Осми имал осум жени, но Филип Втори имал седум и тоа истовремено!

Аудата, Фила, Никесиполис, Олимпија, Филина, Меда и Клеопатра, биле неговите сопруги кои во неговиот живот не влегле поради љубов, туку поради чиста политичка амбиција.

Најдобар пример е мајката на Александар Олимпија. Филип со неа се оженил во 357 година со цел да ја обезбеди западната граница на Македонија. Тоа се покажало како мудар потег, затоа што со зацврстил неговиот сојуз со Епир, а тоа му овозможило да се концентрира на завземање на атинскиот град Амфиполис.

4. Својата најзначајна битка ја добил кај Херонеа

Како што растела моќтта на Филип во Грција, атинскиот политичар Демостен работел на градење антимакедонска коалиција со Теба, која најпосле му објавила војна на Филип. Кралот собрал војска и тргнал во пресрет на напаѓачите на југ.

Во близина на Херонеа во 338 година п.н.е. двете големи сили се судриле. На десното грчко крило се наоѓале 300 свети тебански чети, а наспроти нив се наоѓал младиот принц Александар со својата коњаница. Атињаните на левото крило нападнале први, но Филип на својата војска и наредил да се повлече на тоа крило, со цел да остави празен простор помеѓу двете крила на Теба и Атина. Тогаш ја опколил нивната војска и потоа настрадале повеќе од половина од војската на Теба, сојузниците побегнале од военото поле и ја предале победата на Македонија.

3. Грција ја контролирал преку Коринтскиот сојуз

После победата кај Херонеа над двете најсилни полиси, идејата да ја завземе цела Грција созреала. Филип ги собрал сите грчки градови во Коринт и им ветил мир. Условите биле градовите држави да се здружат во Коринтски сојуз под управа на Филип.

2. Зад неговото убиство можеби стоел и самиот Александар

Филип во 338 година п.н.е. сакал да се ожени со Клеопатра, жена која припаѓала на високиот сталеж во Македонија. Веројатно сакал да добие наследник со чиста македонска крв, што создало судир со неговиот син Александар, кој сакал да биде единствен наследник.

За време на прославата, Филип бил избоден од младиот Македонец Паусани. Убиецот се обидел да побегне, но го фатиле и убиле пријателите на Александар. Бидејќи и самиот тој бил пријател на Александар, некое време принцот бил осомничен дека тој го порачал убиството. Во секој случај, новата жена на Филип вдовицата Клеопатра и нивното дете, набрзо биле убиени од мајката на Александар, Олимпија.

1.Не се знае каде се наоѓа неговиот гроб

Археолозите во 1977 година се надевале дека ја пронашле гробницата на Филип во Егејска Македонија во близина на Солун. Меѓутоа, подоцна се воспоставило дека гробод од 317 година п.н.е. не бил на Филип.

Неодамна е испитуван уште еден гроб во близина исто така на Солун, во кој е пронајден скелет на 45-годишен маж (кој одговарал на оној на Филип за време на смртта) заедно со остатоци на една жена и бебе, поради што се повеќе се мислело дека е гробницата на македонскиот владетел.

Меѓутоа, друг извештај тврди дека генералот Касандер го кремирал телото на Филип, па така веројатно никогаш нема со сигурност да знаеме каде почива големиот македонски крал.

 

А/Г/

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.