Груевски во Прилеп го посети и манастирот Трескавец каде се градат нови конаци, а претходно се изгради и патот до манастирот

Во рамките на работната посета во Прилеп, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги посети Индустриската зона “Прилеп 1” и манастирот “Трескавец”.

FB_IMG_1504013527769

  • “Го посетив манастирот Трескавец каде во тек се градежните работи за изградба на нови конаци, како и реконструкција на оштетениот опожарен дел. За сето ова беа обезбедени и се инвестираат 1.8 милиони евра. Претходно беше изграден и патот кон Трескавец за што беа вложени над 1.4 милиони евра. Трескавец останува културното и духовното богатство на Република Македонија”, напиша Груевски на својот Фејсбук профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.