“Грандиозен проект во двојазичен Прилеп!? 20 функционери засадија 20 дрвца?!

Градоначалникот Илија Јованоски и неговата локална администрација веќе петти месец си играат локална самоуправа во Прилеп.

Она што значи решавање на проблемите на граѓаните, како и реализирање на ветеното пред нив, за нив е дружење во природа.

Наместо да се зафатат со работа, градоначалникот и локалните функционери засадувањето на 20 борчиња го претставија како грандиозен проект кој ќе реши се’.

Па згора на се овие 20 дрвца ги претставија како парк на “Планетата Земја”, а токму партијата од каде доаѓа Јованоски го укина Денот на дрвото кога се засадуваа и по неколку милиони садници низ државата.

Додека граѓаните ги очекуваат новиот затворен базен, театар, двете обиколници, градинки, училиште…. градоначалникот, пратениците од СДСМ, претседателот на Советот и локалните директори се фотографираат во природа.

Колку ли долго прилепчани ќе чекаат да видат нешто корисно од оваа локална саоуправа?!

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.