Популистичка, нефункционална и некоректна одлука на Советот, коментираат пензионерите?! Не ни беше вака ветено, денот трае 24 часа, а не само 2, без викенд, ова е иста лага како онаа со струјата?!
Наводно ќе беше воведена евтина тарифа како во минатото,а не само за два часа кога никој не е дома.
Така е и со овие 2 бесплатни часови за превоз на пензионери. Реално најпотребен превозот на пензионерите е за време на викенд, кога се оди на пазар и на градските гробишта.
Оваа одлука е целосно спротивна на барањето на ВМРО-ДПМНЕ, превозот да биде бесплатен за студенти, средношколци, социјални категории и пензионери?!
Но, како и обично ништо од ветените предизборни обврски на оваа локална самоуправа?!