“Градоначалникот нема да организира фрлање на светиот крст – се секуларизира?!

Единствениот градоначалник кој изминатиов период откако е избран на функцијата стана актуелен по сите медиуми, но не по отпочнувањето со реализација на ветувањата во предизборниот период, туку по низа небулози, гафови и непромислени потези, е токму прилепскиот.

Илија Јованоски кој на 15 октомври ја доби поддршката кај прилепчани со низа мегаломански ветени проекти и најважно ветување на нов “подобар живот” за сите во Прилеп, е можеби најактуелниот градоначалник, осбено откако отпушти од работа околу 300 луѓе, реши повеќе да не ги финансира фудбалскиот клуб Победа и ракометниот клуб Прилеп и отвори војна со новинарите во градот.

Според последните информации кои се раширија низ јавноста, општината се откажа и од проектот “Супер Марио”, инаку проект кој обезбедуваше социјална заштита на околу стотина стари лица.

И кога сите мислеа дека ќе “одмори”, градоначалникот за Бадник реши да се секуларизира и не ги прими околу 200 мали коледарчиња кои го навестуваа Христовото раѓање низ градот и тропнаа на вратите од општина Прилеп, со надеж дека и тие како и нивните врсници од останатите општини ќе бидат дарувани со пакетчиња.

Образложението на првиот човек на општината беше дека “Традицијата треба да се култивира, а не да се примитивизира”.

Иако на Св. Никола се “самопрогласи” за домаќин догодина, сега реши дека општината е институција која треба да се тргне настрана од верските обичаи и традиција.

Сега се поставува прашањето дали Јованоски ќе се држи до дадениот збор и за Водици, празник кога во Прилеп како и секаде низ државата водите ќе бидат осветени, а централната манифестација традиционално ќе се обележи со фрлање на светиот крст во во водите на некој од градските базенти?!

Ако градоначалникот за Бадник се секуларизира, а за Божиќ седејќи рамо до рамо со Владиката Петар, се премисли и учествуваше на манифестацијата “Божиќен ручек”, на која одново присутни беа 1000 дечиња, што ли ќе мисли и ќе смисли за големиот христијански празник Богојавление Водици?!

Тешко е да се биде градоначалник нели?! Или можеби е лесно, ако во преден план имаш да прошеташ тука и таму, а на крајот да смислуваш оправдувања зошто нешто не си исполнил, зошто некој си избркал од работа, или зошто сите ќе мораат да те трпат во наредните 4 години.

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.