Вработените на “11 Октомври” Еурокомпозит предводени од синдикалната организација секој ден се излезени на улиците и се трудат да го привлечат вниманието на власта.
Додека тие се соочуваат со најцрните денови на фабриката и живеат во агонија, градоначалникот не презема ништо за подобрување на нивната состојба. Напротив, тој ужива на разни културни и спортски манифестации. Има ли крај ова лудило на локалната власт ?!
Протестите се радикализираат, работниците ги блокираат патиштата, а во вторник е најавен и протест пред Владата.