Градоначалникот Марјан Ристески, денеска ги прими наргадените ученици на државни и меѓународни натпревари од основните и средни училишта.
На средбата градоначалникот Ристески им посака на учениците уште многу успеси во полето на образованието, порачувајќи притоа дека секој постигнат резултат е добра промоција на училиштата во кои се едуцираат, а воедно и на општина Прилеп. Градоначалникот Ристески ги покани присутните ученици на настанот „Палачинкијада“ и „Нај 5-ка“.